Синдикатот бара бенифициран стаж за градежните работници
Објавено на 19 ноември, 2013 во 16:44
Бенефициран стаж за работниците од градежниот сектор, бара нивниот Синдикат. Причина се тешките услови во кои работат овие работници.
Допрва ќе се анализира која категорија на работници предвреме би се пензионирала. Синдикатот предлага една да се смета како четири години за работниците кои извршуваат најтешки градежни работи.
Во моментов во градежниот сектор во земјава работат 37 илјади работници.
Само бушачи на тунели имаат бенифициран стаж но такви работници во Македонија нема и затоа се увезуваат од странство. Синдикатот смета дека бенефицираниот стаж треба да ги засегне оние што сега се најизложени.
Градежништвото во последните години се посочува како гранка која е генератор на економскиот раст во земјава.
