Галуп: Во Македонија страда една третина од населението!

Објавено на 9 декември, 2013 во 16:49

Страдањето на населението за време на глобалната економска криза се зголеми, покажува анкетата на Галуп.

Според оваа анкета во 2012 година 14 отсто од населението страдало, во споредба со периодот пред рецесијата кога страдале 11 отсто.

Македонија на листата е на 7 место во светот по страдање, односно 31 отсто од македонските граѓани страдаат. На листата зад Македонија е Иран, како земја со најмалку страдање, а пред Македонија се Мадагаскар, Унгарија, Хаити, Камбоџа, Ерменија и Бугарија.

Во анализата за Македонија стои дека домашниот бруто производ (БДП ) по глава на жител е 10,465 долари, а 51 отсто од анкетираните ја гледаат владата како корумпирана.

Од вкупниот број анкетирани македонски граѓани 31 отсто се изјасниле дека се незадоволни со своите животи во 2012 година, за разлика од 2011 година кога 25 отсто од нив биле незадоволни. 

„Од основањето во 1991 година, Република Македонија се бореше со конфликти помеѓу православните христијани како мнозинство и муслиманското албанско малцинство кое сочинува околу една четвртина од населението“ наведува Галуп. 

Економските параметри на земјата ,анализира Галуп,се тешки. 

„Од 2011 година, повеќе од 30 отсто од населението во земјата живее во сиромаштија , една од највисоките стапки на сиромаштија во светот. Македонија има највисока стапка на невработеност од било која земја која рапортира на ММФ- со 31,3 отсто во 2012 година“ констатира анализата.. 

Земјата има проблеми и со корупцијата. 

„Според неодамнешната анкета на Транспаренси интернешнл, 77отсто од македонското население верува дека јавните и државните службеници се корумпирани , а 87 отсто сметаат дека полицијата се корумпирани- и двете, меѓу највисоките проценти во светот кога станува збор за корумпираност“- заклучува Галуп.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.