Нови услови за купување дрва

Објавено на 6 декември, 2013 во 18:26

Фирмите кои сакаат да купуваат огревно и техничко дрво од Јавното претпријатие „Македонски шуми“, тоа ќе можат да го направат ако поднесат Барање за склучување на договори и тоа најдоцна до 31 декември годинавајави Алсат М.

Барањата за договори може да се најдат на веб – страницата на Македонски шуми, а може да се достават по електронски пат или по пошта на адреса на Дирекцијата на Јавното претпријатие. 

Големопродажната цената на огревното дрво „БУКА“ изнесува 2.205 денари за метар просторен, а малопродажната 2.450 за метар просторен. За прв пат, и за огревното и за техничкото плаќање се воведува механизмаот одложено плаќање. Ова значи дека секое правно лице кое сака да купи огревно дрва за понатамошна препродажба може тоа да го направи со 10 отсто попуст за количини над 1.000 метри кубни со авансно плаќање на вредноста на профактура. 

Се нуди и можност за одложено плаќање до 30 дена со банкарска гаранција која покрива една четвртина од вредноста на договорот и учество од 20 отсто при склучувањето на договорот. Исто така, се нуди и можност за одложено плаќање од 45 дена со банкарска гаранција  која покрива една третина од вредноста на договорот и учество од 30 отсто при склучувањето на договорот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.