Ресенското јаболко ќе стаса и на пазарот во Дубаи

Објавено на 6 декември, 2013 во 18:21

Компанија од  Дубаи ќе гради откупно-дистрибутивен центар за извоз на јаболки во Ресен, јави Плусинфо. Инвестицијата ќе чини од 5 милиони евра и треба да обезбеди вработување на 100 луѓе од Македонија. Инвестицијата ќе се реализира во две фази, а фабриката ќе проработи идната година.

Претставници на компанијата денеска регистрираа фирма во Македонија со име „Епл ленд“.

– Започнавме изградба на центар во Ресен за складирање на јаболка. На почетокот планиравме да извезуваме по 2.500 тони, но подоцна бројката ја искачивме на 5.000 – изјави Абдушамак Насер, еден од инвеститорите вработен во Шафа Констракшан во Дубаи.

Покрај откупен центар за јаболка компанијата планира да развива и сопствен бизнис со јаболка на 60 хектари земјиште, но и да се испроба и во други дејности.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.