На Словенечкиот вински фестивал македонските вина се хит
На годинашниот Словенечки вински фестивал во Љубљана а со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, 7 македонски винарници Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Камник, Бовин и Пивка пред бројни големи увозници и дистрибутери на вино во земјата, сомелиери, вински витези и вински критичари.
Македонските производители на вино кои се претставија на овој вински фестивал ги добија највисоките признанија, откако беа прогласени за хит на Фестивалот во конкуренција од над 400 вина од Балканот. Титулата за „Најдобро вино“ и златен медал во категоријата црвени вина ја доби Винарската визба Бовин. Во оваа категорија второто и третото место го добија винарницата Камник со Шато камник, Мерло 2010 и Шато Камник каберне совињон резерва. Првите девет места во оваа категорија им припаднаа на македонски црвени вина.
Ова е прв пат на овој фестивал првите три вина да бидат од иста земја.
