На самитот на ЕУ во Брисел постигнат договор за буџетот
Објавено на 11 декември, 2020 во 11:56
11.12.2020
Лидерите на земјите-членки на Европската унија постигнаа договор со Полска и Унгарија, со што се деблокираше планот за опоравување на Унијата од последиците на коронавирусот.
Претходно, Полска и Унгарија го блокираа буџетот на ЕУ како и Фондот за обнова.
„Сега можеме да започнеме со имплементација на планот и со закрепнување на нашите економии. Нашиот историски план за закрепнување ќе не однесе напред кон нашата зелена и дигитална транзиција“, напиша претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел на Твитер.
Мите Јаначков
