Филипче: Jа следиме состојбата со новиот сој, нема да има нови мерки
Објавено на 29 ноември, 2021 во 12:28

Стабилна е епидемиолошката ситуација и разговарано е за новиот сој кај нас. Сметам дека рестрикција од затворање на граници и карантинизирање на патници нема да даде ефект, зошто е веќе детектиран во европските земји и видовме дека кога ќе се појави нов сој, тој не може да се спречи, рече министерот за здарвство Венко Филипче на денешната прес конференцијата.
– Остануваме со овие мерки засега и ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој и допрва ќе дознаваме информации, но од она што го знаеме, нема потреба од рестрикција, рече Филипче.
