Филипче: Починаа 14 пациенти на возраст од 29 до 79 години

Објавено на 9 септември, 2021 во 18:16

Вкупните капацитетите на Министерството за здравство и сите институции се ставени во целост на истрагата за пожарот. Се уште трае истрагата и ве молам за внимание и трпение, вели министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој како министер и човек побара од јавноста и медиумите да објавуваат точни информации во врска со наводите околу пожарот.

-Тешко можам да го искажам чувството што го имам во моментов. Од одговорност нема никој да биде изземен, ако се утврди такво нешто. Починаа 14 пациенти на возраст од 29 до 79 години и нивните тела беа предадени на Судска медицина. 12-те пациенти кои беа спасени се сместени во главната болница во Тетово, информира Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.