Филипче: Висок процент од заразените се невакцинирани

Објавено на 21 јули, 2021 во 09:12

Висок процент од заразените се невакцинирани, а се уште сме далеку од колективен имунитет од 80 проценти, вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Треба граѓаните да се свесни, дека ако не се вакцинираат, може да завршат во болница и да бидат со тешки компликации. Ако се соочиме со нов бран, ќе има рестрикции од септември. Не можеме да страдаме, ако некој не се вакцинира. Висок процент од заразените се невакцинирани, а се уште сме далеку од колективен имунитет од 80 проценти, истакна Филипче.

Слаба заинтересираноста на граѓаните за вакцинирање, покажуваат податоците што ги објави Министерството за здравство.

Најмногу вакцинирани има  во Кавадарци – 43.5%, Охрид – 42.9% и Гевгелија – 41%, додека пак најмалку има во Дебар – 17.3%, Тетово – 17.1%, Кичево – 15.8%

Од минатата недела почна и вакцинацијата без закажан термин, а од вчера и имунизацијата на децата од 12 до 17 години. Министерството за здравство соопшти дека на територијата на цела држава една доза вакцина досега примиле 27,5 отсто од граѓаните.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.