Филипче: Зголемувањето на платите во јавното здравство ќе започне од понеделник
Објавено на 25 јуни, 2021 во 13:22
Денеска се префрлија средствата за зголемување на платите на сите вработени во здравствениот сектор, не само на здравствените работници, информираше денска министерот за здравство, Венко Филипче.
-Имаше проблем со трезорскиот систем во Фондот, којшто вчера е надминат и од понеделник ќе почнат исплатите за зголемувањето на платите. Тоа значи дека сите заостанати од изминатите месеци пет проценти зголемувања почнувајќи од март, ќе бидат следната недела исплатени наеднаш, а од следниот месец редовно пет месеци како додаток за работа со ковид на сите вработени во системот на јавно здравство, рече Филипче.