Германски вирусолог: Ковид-19 веројатно ќе стане сезонска епидемија, но ќе ја контролираме со вакцини

Објавено на 10 јуни, 2021 во 10:19

Пандемијата со Ковид-19 веројатно ќе стане епидемија до есен или зима, за која може да се очекува да се повторува секоја година, но и да се контролира со вакцини, изјави водечкиот германски вирусолог, објави Гардијан.

Кристијан Дростен, нагласи дека верува оти бројот на заболени од коронавирус ќе се зголеми по летото, но дека болеста ќе може да се контролира. Иако скокот најверојатно ќе се опише како „четврти бран”, рече тој, веројатно ќе означи почеток на „нова, ендемична фаза” или „сезонска епидемија” што ќе се повтори во текот на неколку години, но може да биде под контрола со ревакцинација.

Дростен е раководител на одделот за вирусологија на Универзитетската болница во Берлин, и е клучен глас што ги советува владата и јавното здравство во текот на пандемијата. Тој објасни дека и покрај јасните индикации дека вирусот станува се поконтролиран, сепак постои опасност поради луѓе кои не успеваат да ја земат втората доза или веруваат дека вакцините повеќе не се потребни.

„Во моментов сме во преодна фраза”, рече Дростен за Corona Update популарен неделен подкаст на германското радио НДР.

„Нашата следна цел како општество е 80 отсто од возрасната популација да бидат целосно вакцинирани.“ Тој рече дека сите очекувања се дека Германија ќе ја постигне оваа цел до крајот на август или средината на септември. Во моментов, 23 отсто примиле целосна вакцинација и 47 отсто примиле една доза.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.