Голема Богородица неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Објавено на 24 август, 2021 во 13:47
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ „Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07, 28 Август 2021 година, сабота, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица.