Горивата поскапуваат од полноќ

Објавено на 30 август, 2021 во 12:37

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 % во однос на Одлуката од 23.8.2021 година.

-Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денар/литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,089 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,019 ден/кг.

Од 31.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,019 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,338 %, дизелот за 3,952 %, екстра лесното масло за 4,602 % и кај мазутот зголемување е за 3,891 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,152 % .

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.8.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.