Граничниот премин „Евзони“ од денеска ќе биде отворен 24 часа
Објавено на 1 јули, 2021 во 09:51
Граничниот премин за влез во Грција „Евзони“, кој досега работеше од седум до 23:00 часот, постојано ќе биде отворен од денеска, 1 јули.
Како што беше објавено на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“, од денеска исто така, граничните премини Промахонас, Дојран, Ники, Кастаниес, Кипои, Нимфаја, Орменеио, Кристалопиги, Какавија ќе бидат отворени 24 часа на ден.