Исплатена бонус плата од над 36.000 денари во МВР
Објавено на 1 август, 2024 во 14:14
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска соопшти дека е исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР.
Поединечниот износ на бонус платата изнесува 36.614 денари.
Бонус платата е исплатена на вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2023 година.
Дума.мк