Истражување: Македонија со една од најлошите патни инфраструктури во Европа
Холандија е на врвот во ЕУ според патната инфраструктура, додека Бугарија и Романија се на дното, покажува студијата на хрватскиот аналитички сајт „Viborc“.
Истражувањето се базира на податоците од Извештајот за глобална конкурентност за 2019 година објавен од Светскиот економски форум. Во рангирањето се вклучени 141 земја кои настапуваат според различни показатели.
Претставниците на Источна и Југоисточна Европа имаат најлоши патишта во Европа – Молдавија – на 40 место, а пред неа се Босна и Херцеговина, Украина, Романија, Малта и Северна Македонија.
Учесниците во студијата дадоа оценка за состојбата во одредени владини сектори. Скоро 13.000 бизнис лидери од 139 економии ширум светот одговориле на 78 прашања од истражувањето, од кои едно е: „Во вашата земја, каков е квалитетот (широчината и состојбата) на патната инфраструктура?“.
Одговорот вклучува опција за оценување од 1 (исклучително лоша) до 7 (исклучително добра).
И покрај очигледната тенденција патиштата во Источна Европа да имаат полоши перформанси од оние на Запад и Север, има неколку исклучоци. Еден таков пример е патната инфраструктура во Белгија, која добива многу пониска оцена од нејзините соседни земји – 4,4. Контрастот е зголемен со фактот што патиштата во Холандија се рангирани на прво место во европската ранг-листа – 6,4.
Ниска оценка забележа и инаку богатиот Исланд – 4,1 поен. Ова се должи на малата популација и нерамниот терен.
Од Централна и Источна Европа, најдобри патишта има во Австрија (6,0) и Хрватска (5,6).
Интересното за Хрватска е што нејзината инфраструктура е на 12-то место на светската ранг-листа. Веќе на почетокот на векот, земјата започна големи и амбициозни проекти за развој на патната инфраструктура со цел да го зголеми квалитетот. Во тоа време патиштата во завојуваната земја Југославија беа во критична состојба, но бидејќи е една од најпосетуваните туристички дестинации во Европа, закрепнувањето на овој сектор беше од големо значење.
Друго позитивно отстапување е Турција (5,0), чии патишта имаат повисоки резултати од најбогатите земји во Европа, како Норвешка (4,5) и Обединетото Кралство (4,9).
Тешкиот терен за изградба на патишта, безбројните фјордови и релативно малата популација објаснуваат зошто Норвешка има пониски резултати од нејзините скандинавски соседи.
Најлоши патишта се во Источна и Југоисточна Европа, а во негативното рангирање водат Молдавија и Босна и Херцеговина – со оценки од 2,6 и 2,8 соодветно. Резултатите се малку подобри во Романија и Украина (и двете по 3,0), Бугарија и Северна Македонија (со по 3,4) и Србија со 3,5 поени.
Најдобрите патишта во Европа – во Холандија и Швајцарија – се исто така меѓу најдобрите во светот. Сепак, светски лидер е Сингапур со 6,5, а потоа следуваат Холандија (6,4) и Швајцарија (6,3).
Најлоши патишта во светот се во Чад (1,9), Мавританија и Мадагаскар (и двете со оценки 2,0) и Јемен, Хаити и ДР Конго, сите со оценки 2,1.