Изложба на Светлозар Надев од Бугарија, во Музеј-Галерија Кавадарци
Во рамките на Меѓународната ликовна колонија „Михајлово Кавадарци 2021„ ќе биде отворена изложба на бугарски ликовен уметник Светлозар Недев. Отворањето ќе биде утре, 25 август, од 19:00 часот во Музеј – Галерија Кавадарци.
Инаку, отворањето на годинешното издрание на традиционалната Меѓународна ликовна колонија „Михајлово Кавадарци 2021“ се одржа на 23 август, во Летната бавча при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Пред почетокот на настанот во Галеријата на Домот на култура, беше отворена самостојна изложба на познатиот ликовен уметник Драги Хаџи – Николов Аџи од Гевгелија, насловена како „Етно приказни“.
И оваа година на меѓународната ликовна колонија „Михајлово Кавадарци 2021“ ќе учествуваат уметници од повеќе земји. Колонијата се одвива според предвидените протоколи за ковид-19. Прсутните задолжително треба да покажат сертификат за примена најмалку една доза на вакцина, потврда за прележан ковид-19 до 45 дена. Бројот на присутна публика е 30 % од предвидениот простор.
Стефани Манева