Казнети 201 возачи за брзо возење
Објавено на 20 декември, 2022 во 10:41
Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата изрече 201 санкција.
Како што информира МВР, од нив 14 се за возачи кои управувале со возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а една за возач кој управувал со возило со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 112 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.