Казнети 32 возачи на мотоцикли, 13 без заштитна кацига
Објавено на 15 септември, 2023 во 13:19
Министерство за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, 14 септември, во период од 07:00 до 12:00 часот, била спроведена акциска контрола на територија на цела држава за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 32 возачи.
-Од нив, 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се и 117 други видови на сообраќајни прекршоци, додаваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Дума.мк