Казнети над 100 маркети продавале храна со пресметан ДДВ

Објавено на 21 март, 2022 во 11:26

Управата за јавни приходи (УЈП) во текот на изминатите два дена извршила 611 контроли на територијата на цела држава при што кај 114 даночни обврзници биле констатирани неправилности во однос на спроведување на одлуката за ослободување од ДДВ на основните прехранбени продукти, согласно Законот за регистриање на готовински плаќања.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска на прес-конференција информира дека кај сите се изречени казни.
Ние изрекуваме глоби затоа што алармиравме и претходно дека ќе одиме два дена на терен, така што има доволно време сите даночни обврзници да ги адаптираат своите фискални каси, со цел да издаваат соодветни фискални сметки и да не се прави каква било злоупотреба на грбот на граѓаните. Веројатно сметале дека ќе може да го изиграат законот, но тоа не е така и затоа бевме интензивно на терен овие два дена, изјави Лукаревска и најави дека УЈП ќе продолжи со континуирани координирани контроли заедно со останатите надлежни институции.

Во контролите биле опфатени даночни обврзници кои вршат дејност трговија на мало со храна и пијалаци, со месо и производи од месо, со моторни горива, кои дејноста ја вршат преку повеќе деловни единици со поголема продажна површина и остваруват промет во поголем износ.
Директорката Лукаревска потенцира дека и покрај укажувањата имало продажни објекти не им биле прилагодени фискалните апарати и наместо во група Г, лебот, брашното ТИП 400, јајцата, млекото, шеќерот, местото, оризот и маслото за јадење ги продавале во група Б односно со пресметан ДДВ од пет проценти.
Напомена дека кај големите маркети има утврдено огромен број неправилности во делот на непочитување на оваа одредба и тоа во повеќе градови, дури кај еден голем маркет, како што рече, скоро во сите негови деловни единици е утврдена одредена неправилност. Лукаревска апелираше особено до големите маркети и истакна дека е некоректно се уште да ги немаат наместено своите каси и врз основа на тоа, подвлече, да ги набедуваат своите вработени дека тие ќе ги сносат санкциите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.