Казни за 374 возачи за брзо возење
Објавено на 17 јуни, 2022 во 11:07
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 374 возачи.
-Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 180 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 194 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 147 други видови прекршоци, пишува во дневниот билтен на МВР.
Оттаму информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.