Ковачевски: Дојавите за бомби не можат да се детектираат оти се преку виртуелни приватни мрежи хостирани во странство
Објавено на 13 декември, 2022 во 12:48
За голем дел од овие лажни дојави, се работи за дојави кои што се работат преку WPN врски хостирани во странство, при што не може да се детектира од каде доаѓа дојавата. WPN се виртуелни приватни мрежи хостирани во странски земји и затоа се работи со партнерските служби. Ова е резултат на хибридна војна, појасни денеска премиерот Димитар Ковачевски околу заканите за експлозивни направи во земјава.
Ковачевски вели дека свесно се таргетираат голем број на жители, со цел да се креира несакана ситуација.
Премиерот на денешната прес-конференција во Владата истакна и дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и дека Министерството за внатрешни работи (МВР) работи со полн капацитет.