Лица кои наполниле 18 години и немаат лична карта ниту пасош, утре, ќе може да се фотографираат без закажан термин
Министерство за внатрешни работи информира дека утре, сабота, граѓаните кои наполниле 18 години а немаат ниту еден личен документ, поточно лична карта или пасош ќе можат да се фотографираат без закажан термин, поточно од 8 до 15 часот во сите пунктови низ земјава.
-Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори. Во Скопје фотографирањето ќе се врши само во полициската станица „Пролет“.“, пишува во соопштението на МВР.
Исто така тие напоменуваат дека лицата кои имаат 18 години но имаат еден биометриски документ, поточно поседуваат важечка лична карта или пасош нема да бидат примени и фотографирани бидејќи предност ќе имаат оние граѓани кои немаат ниту еден документ.
Дума.мк