Лични карти можат да се подигнат и во сабота и недела
Објавено на 12 октомври, 2021 во 12:57
Во пресрет на претстојните Локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово на 16.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот, соопштија од МВР.
Во недела, пак, на 17 октомври, годинава, сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје, Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево.