Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ : Фрлени молотови коктели!
Објавено на 20 октомври, 2012 во 13:31
Рано утрово, околу 05.10 часот кон студентскиот дом Гоце Делчев во скопско Тафталиџе биле фрлени три шишиња со запалива течност. Полицијата соопшти дека има информации според кои инцидентот го предизвикале две засега непознати лица. Тие од патничко возило ги фрлиле шишињата кон објектот. Две шишиња завршиле во дворот а едно на балкон од соба во објектот.
Студентите успеале да го изгаснат оганот по што инцидентот го пријавиле во полиција. На лице место бил извршен увид од екипа на СВР Скопје. Полицијата работи на расветлување на случајот и на пронаоѓање на сторителите, соопшти МВР.
