Случај „Монструм“ : Заврши распитот на заштитениот сведок
Во скопскиот Основен суд, доцна синоќа, заштитениот сведок во присуство на обвинетите и нивните бранители даваше исказ заштитениот сведок. Истражниот судија Владимир Туфекџиќ даде изјава по завршеното сослушување во која појасни дека од минатиот месец кога сведокот добил статус на загрозен започнала постапката на идентификација на лица по фотографии. Засега не се открива дали сведокот е директен очевидец на петкратното убиство на Смилковското езеро. Забрането е неговиот исказ да се пренесе во јавноста.
Судот не му дозволил на бранителот на обвинетите, Насер Рауфи, да даде изјава за медиумите.
До крајот на октомври, годинава, треба да заврши истрагата и да биде подигнато обвинение за овој случај. Обвинетите ќе треба да одговараат за убиството на четири млади момчиња и еден повозрасен маж што се случи на 12-ти април годинава, кај Смилковското езеро.
Во случајот „Монструм„, осомничени за директни извршители на петкратното убиство се Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим а за помагање се товарат Амзи Азири и Рами Сејди. Исмаиловиќ и Демири, се во бегство додека останатите се во притвор.