Внимателно возете, коловозите се влажни!

Објавено на 28 октомври, 2012 во 13:06

По влажни коловози се одвива сообраќајот на магистралните и регионалните патни правци низ државата и нема застои, информираат од службата на АМСМ.

Од таму за возачите стигна препорака за поголема внимателност при управувањето на возилата на патните правци Катланово – Велес и Демир Капија – Удово како и на патните правци Дебар – Струга и Маврово – Дебар. „Можни се помали одрони на патиштата“, порачаа од АМСМ.

Повнимателно треба да се одвива сообраќајот и на делницата од автопатот од Скопје до Велес бидејќи се изведува реконструкција на патот. Таму треба да се почитуваат поставените сообраќајни знаци.

Во исто време интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен додека на граничните премини  нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.