Лекарите специјалисти го одржаа протестот пред Владата!
Нивни колеги беа пред министерството за здравство.
По маршот од фонтаната на скопски Градски парк до зградата на Владата, неколку стотини медицински лица, ги повторија барањата за социјален дијалог, за моделот плата по учинок и побараа оставка од министерот з здравство Никола Тодоров. По 25 дена штрак тие соопштија да не преговараат со министерот Тодоров туку со премиерот Никола Груевски.
„Министерот одбра да го игнорира штрајкот на срцето на македонското здравство и значаен дел на интелектуалната елита на Македонија, министерот кој си дозволува да го ризикува здравјето на граѓаните, а во исто време истиот министер кој не нè гледа ни се закануваше јавно, ги злоупотреби институциите на системот, се со цел да се задуши и скрши овој апсолутно легитимен штрајк. Јавноста сама треба да суди на кого му е доверено здравјето на граѓаните и осигурениците. Нам ни е јасно кој и каков човек е во прашање и затоа од денес не бараме и не сакаме преговори со него, бараме од премиерот да го реши овој проблем,“ рече д-р Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар.
Здравствените работници дојдоа да ги поддржат стотина граѓани како и преставници на Хелсиншкиот комитет во Македонија, Конфедерацијата на самостојни синдикати и Меѓународната асоцијација за човекови права. кои се против владиниот модел за плата по учинок денес продолжи со протест пред Владата.
Група лекари денеска, од пред зградата на министерството за здравство, ги повикаа своите колеги кои веќе подолго време штрајкуваат да се вратат на работните места и да продолжат со лекување на нивните пациенти.
“Денес сите лекари сме излезени надвор, што зборува за нашето единство и за тоа дека ние го поддржуваме проектот плаќање по учинок и тоа беше наша лична заложба со години. Не сакам да извлечете заклучок дека ова е контра протест, апсолутно не се рабаоти за тоа бидејќи мислам дека во однос на проектот сите сме единствени, но можеби се разликуваме во начинот околу реализацијата на истиот“, изјави денеска д-р Борче Георгиевски од Клиниката за хематологија.
Тој апелираше до сите да се вратат во своите ординации..