Поради снегот забрана за движење на товарни возила на повеќе патни правци!
Објавено на 9 декември, 2012 во 15:10
Снежните врнежи кои ја зафатија замјава веќе создаваат проблеми.
Од АМСМ информираат дека забрани за движење на тешки товарни возила се вовдени на повеќе патни правци.
Активна е забраната на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Охрид – Буково – Ресен, како и на патниот правец Кичево – Македонски Брод – Прилеп, додека задолжителна зимска опрема е потребна за планинскиот премин Пресека.
На сите магистрални и регионални патни правци сообраќајот се одвива по влажни коловози.
Се препорачува до возачите да ја прилагодат брзината спрема условите на патот и да не заборават дека учествуваат во сообраќај кој се одвива во зимски услови.