Охрид се подготвува за новата година!
Започна новогодишното украсување на Охрид. И годинава ќе се употребат дел со реквизити и светилки набавени минатите години а ќе се набават и нови.
Целата акција би требало да заврши најдоцна до четврток, пишува “Lihnid.com“
„Се уредува со светлечките црева, а понатака ќе се постават новите реквизити. Почнуваме од центарот на градот со парковите кои гравитираат околу езеро, а понатаму нормално дека ќе бидат опфатени и новиот кружен тек и другите паркови. Се надевам дека времето ќе ни дзволи да завршиме побрзо,“ рече Сашо Алче директор на ЈП „Охридски Комуналец.
Според градоначалникот на Охрид, Александар Петрески со години наназад Охрид бил најубаво украсен град .
„За дочек на Нова Година нашиот став е тоа да биде скромно, ама убаво и весело. Има градови во Македонија каде се трошат од 40, 50 дури и над 100 илјади евра за само неколку часа. Ние нема да трошиме толку пари. Со помалку од 10 000 евра ќе направиме забава за охриѓани и гостите.“ рече Петрески најавувајќи дека и за дочекот на 2013 ќе биде со своите сограѓани на плоштад.