Премиерот Никола Груевски ќе разговара со лекарите специјалисти!
Средбата ќе се одржи вечерва во зградата на Владата.
Лекарите специјалисти кои еден месец штрајкуват на премиерот Никола Груевски ќе му ги соопштат своите ставови и позиции по однос на штрајкот.
По несупешните преговори со министерот за здравство, Никола Тодоров лекарите велат дека се подготвени за средбата со премиерот затоа што ваква можност чекаат од 14-ти минатиот месец.
„Сметам дека ова е добра можност да му се објасни на премиерот директно што ние мислиме какви се искуствата од моделот, кои се штетните елементи, а можеме да предложиме и начини како тоа да се корегира. Мислиме дека може да дојде до некакво разбирање или почеток на разговори за постигнување на некаков договор,“ рече претседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, Дејан Ставриќ. Тој изјавата ја даде на денешниот протест одржан меѓу клиниките на Клинички центар пред лекарите кои дојдоа на протест и покрај ниските температури.