За лекарите штрајкувачи по пола плата
Пониски плати добиле лекарите кои штрајкуваат, сумата е различна во зависност од тоа на која клиника работат.
Од синдикатот на клинички тврдат дека се извадени од ракав. Со ова директорите го прекршиле законот бидејќи не им ги даваат заработените пари на лекарите па поради ова тие најавуваат тужби.
„Најнезаконска постапка би било да се платите поделени врз основа на некаква изјава или лист каде што некој е потпишан за штрајк. Значи такви ливчиња не можат да бидат основа за пресметување и исплата на плати. Штрајкот се одвиваше само во прва смена, а во штрајк или вон штрајк останатите две смени односно 24 часовното дежурство кое секаде во клиниките се одвиваше треба да биде нормално третирано и платено“, вели Дејан Ставриќ од синдикатот на Клинички центар.