Во Собранието, парламентарците на координација кај Вељановски!
Пред зградата пак протест на земјоделци со барање опозицијата да се вразуми.
Претседателот на Собранието ќе се обиде да изнајде решение за деблокирање и донесување на буџетот на Македонија за 2013 година.
Средбата е свикана по вчерашниот инцидент во Собранието и блокирањето на работењето на Комисиите, надлежни за донесувањето на Буџетот за 2013 година.
На кооринацијата покрај Вељаноски, присуствуваат потрпретседателите на Собранието Јани Макрадули и Сузана Салиу, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на ДУИ, Силвана Бонева, Игор Ивановски и Талат Џафери, претседателката на Законодавно-правната комисија Благородна Дулиќ, претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов и неговиот заменик Горан Мисовски, како и министрите за финансии Зоран Ставрески и за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. На координативната средба нема претставник на ДПА.
Власта ја обвинува опозицијата дека со многубројните поднесени амандмани го бликира донесувањето на буџетот со што се доведуваат во прашање функционирањето на државата и исплатата на пензиите, социјалната помош, земјоделските субвенции, како и платите на админситрацијата. Опозицијата, пак, бара да се прифати нивниот предлог за скратување на трошењата од буџетот за дадат зелено светло за државната каса за 2013 година.