Свети Никола Чудотворец, заштитник на сиромашните и обесправените!
Објавено: 19 декември, 2012, во 09:39 часот
Синоќа многу граѓани го славеа светецот со домашни слави. Денеска го слават оние граѓани кои го носат неговото име.
Православните верници денеска го слават Свети Никола Чудотворец, заштитникот на сиромашните и обесправените. Славен е како од Православните, така и од другите христијани, но и од припадниците на другите вери. Овој голем светител се слави и во нашата земја. И покрај тоа што поминале неколку стотици години народот не го забаравил неговиот живот исполнет со правење добри дела. Им помагал на болните ги заштитувал обесправените и неправедно осудените и најмногу од се ги дарувал сиромашните деца. Тој е чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител бил и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето, насекаде сеејќи мир и благодат. На двапати спасил по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, уште за време на животот луѓето го сметле за светител и го повикувале на помош во маки и неволји; им се јавувал во сон и на јаве на тие што го повикувале, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагал. Многу пати им помагал и на давениците, затворениците и ги избавувал од неволји морепловците.



