Непречено одвивање на сообраќајот!
Објавено на 22 јануари, 2013 во 10:18
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено во зимски услови, по местимично влажни коловози.
По клисурите и усеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на Ј.П.Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата
