Лидерска средба на Груевски и Црвенковски за политичката криза
Објавено: 22 јануари, 2013, во 10:37 часот
Лидерската средба меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во Скопје. Почетокот е закажан за 13 часот.
На средбата ќе стане збор за излез од актуелната политичка криза, а освен двајцата лидери ќе присуствуваат и највисоките претставници на двете партии.
