Облачно, со дожд и ветер!
Објавено: 13 февруари, 2013, во 07:58 часот
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд а на планините од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни претпладне особено во југоисточните делови каде ќе има и услови за изолирана појава на грмежи.
Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 1 до 12 степени.
Во Скопје и околината облачно со дожд и ветер и дневна температура до 9 степени Целзиусови.


