Притворен надзорник кој тепал осуденик!

Објавено: 16 март, 2013, во 15:05 часот

Надзорник во КПУ „Идризово“ заработи кривична пријава и триесет дневен притвор откако е сомнение дека на 12 овој месец му нанел тешки телесни повреди на еден осуденик.

Осуденикот бил пренесен во болница каде му била изврешна операција со која му биле остранети бубрегот и слезината.

Лекарите го прегледале и констатирале дека осуденикот има раскинат бубрег и слезина.  Медицинските наоди покажале дека тоа можело да настане со примена на сила, поточно како последица на удар или паѓање.

По телото на осуденикот не биле констатирани видливи модринки, крвни подливи и друг вид на повреди.

Осомничениот надзорник рекол дека се бранел кога затвореникот го нападнал и морал да употреби физичка сила како и гумен апалка со која го удрил два до три пати. /А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.