Притворен надзорник кој тепал осуденик!
Надзорник во КПУ „Идризово“ заработи кривична пријава и триесет дневен притвор откако е сомнение дека на 12 овој месец му нанел тешки телесни повреди на еден осуденик.
Осуденикот бил пренесен во болница каде му била изврешна операција со која му биле остранети бубрегот и слезината.
Лекарите го прегледале и констатирале дека осуденикот има раскинат бубрег и слезина. Медицинските наоди покажале дека тоа можело да настане со примена на сила, поточно како последица на удар или паѓање.
По телото на осуденикот не биле констатирани видливи модринки, крвни подливи и друг вид на повреди.
Осомничениот надзорник рекол дека се бранел кога затвореникот го нападнал и морал да употреби физичка сила како и гумен апалка со која го удрил два до три пати. /А.Д