Наградата на МИМ ќе го носи името на Никола Младенов!

Објавено: 28 март, 2013, во 22:35 часот

Во знак на почит кон делото на прерано починатиот колега Никола Младенов и неговиот огромен придонес за развојот на македонското новинарство, слободната мисла и демократијата во Република Македонија, Македонскиот институт за медиуми одлучи Наградата за најдобра истражувачка сторија на годината да го носи неговото име и да гласи – Награда за најдобра истражувачка сторија на годината „Никола Младенов“.

Институтот ја доделува оваа награда за врвни достигнувања во истражувачкото новинарство од 2001 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.