Наградата на МИМ ќе го носи името на Никола Младенов!
Објавено на 28 март, 2013 во 22:35
Во знак на почит кон делото на прерано починатиот колега Никола Младенов и неговиот огромен придонес за развојот на македонското новинарство, слободната мисла и демократијата во Република Македонија, Македонскиот институт за медиуми одлучи Наградата за најдобра истражувачка сторија на годината да го носи неговото име и да гласи – Награда за најдобра истражувачка сторија на годината „Никола Младенов“.
Институтот ја доделува оваа награда за врвни достигнувања во истражувачкото новинарство од 2001 година.