Денеска се одбележува 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, Димиторов во име на Владата положи цвеќе на гробот
04.02.2021
Денес се одбележува 149 години од раѓањето на македонскиот револуционер, Гоце Делчев. Тој беше основоположник на Крушевската република и главен поборник за создавањето на македонската држава. Го разбираше светот како „Поле за културен натпревар меѓу народите“, а го загуби својот живот во село Баница во 1903. година.
Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во име на Владата на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 149 години од неговото раѓање.
Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.
