Филипче: Задоволен сум од заинтересираноста на граѓаните за вакцинација, во моментов нема потреба од нови рестиктивни мерки
25.02.2021
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, за порастот на нови случаи на коронавирус нагласи дека засега не се предвидени нови рестриктивни мерки.
-Има зголемување на бројот на заболени, а тоа се должи на британскиот сој кој постојано се зголемува. Поради него е ова зголемување, затоа што полесно се пренесува. Зголемен е бројот, но не ги загрозува болничките капацитети. Во Скопје слободни болнички кревети има. Сите се подготвени да се вратат во оној претходен режим на работа доколку има потреба. Имаме секојдневна комуникација со директорите на сите клиники и засега не се предвидени рестриктивни мерки, рече министерот Филипче во посета на Поликлиниката Букурешт по повод донација од Стопанска банка за Здравствениот дом во Скопје.
Тој е задоволен од заинтересираноста на граѓаните за вакцинација, бидејќи е посебно висок бројот на здравствените работници кои пројавиле интерес за имунизација.
-Околу 180.000 граѓани се регистрирани преку системот „Мој термин“ , возрасни граѓани над 70 години и пациенти со хронични болести. 50 000 граѓани се пријавени и преку страницата за вакцинација. Важно е дека е висок процентот на здравствени работници кои што покажаа интерес за вакцинирање. Задоволни сме од одзивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата. Пример во Република Грција интересот е многу мал, за разлика од кај нас, истакна министерсот за здравство.