Филипче: Задолжително пополнете согласност пред да се вакцинирате против ковид-19
Објавено на 1 април, 2021 во 07:56
01.04.2021
Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил информираше на која веб страна треба да се најде задолжителниот документ за секое лице кое сака да биде вакцинирано.
-На веб страницата kovid19vakcinacija.mk можете да го најдете документот „COVID19 Согласност за вакцинација“ кој е задолжителен документ за секое лице кое сака да биде вакцинирано. Согласноста може да биде пополнета претходно, но истата се наоѓа и на пунктовите за вакцинација каде може директно да се пополни и да се приложи. Ве охрабрувам сите кои имате можност да го преземете и пополните документот пред да дојдете на закажниот термин за вакцинација со цел да избегнеме гужва и чекање, напиша Филипче.