Зголемен процентот на граѓани кои очекуваат влез во ЕУ во наредните 5 години

Објавено на 8 април, 2021 во 09:54

Korona 13

08.04.2021

Зголемен е процентот на граѓаните кои сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа“ 70,8 проценти и „корисна работа“ 74,3 отсто, покажува последниот ЕВРОМЕТАР од февруари 2021 кој е дел од традиционалните продукти на Евротинк.

Испитувањето, како што соопшти Иван Стефановски, извршен директор на Евротинк, е направено од агенцијата Индаго од Скопје преку компјутерски асистирана телефонска анкета во периодот 4 февруари до 15 февруари 2021 на репрезентативен примерок од 1015 испитаници со +/- 3 проценти маргина на грешка.

Мнозинството граѓани, според испитувањето, на референдум би гласале „за“ влез на Северна Македонија во ЕУ, а зголемен е процентот на граѓани кои очекуваат влез во ЕУ во наредните пет години.

Сѐ уште е голем бројот на граѓани кои имаат негативно мислење за односот на ЕУ кон Северна Македонија, 47,4 отсто од нив оценуваат дека односот на ЕУ кон државата е нефер, надмен и уценувачки, додека пак, 20,7 отсто сметаат дека односот е фер, пријателски, коректен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.