Донирани органи од млада почината пациентка, се бараат соодветни реципиенти

Објавено на 16 април, 2021 во 10:51

filipce

16.04.2021

Министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека денеска е можно да се извршат неколку трансплантации на органи кои се донирани со согласност на семејството на млада почината пациентка.

– Денеска за жал имаме младa почината пациентка, има согласност за донација од семејството и се прават проверки дали може да се направи трансплантација на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти, во денешниот ден сѐ ќе се заврши,рече Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.