Филипче: Состојбата со ковид-19 е стабилна, се намалува бројот на пациенти во болниците

Објавено на 19 април, 2021 во 09:57

filipce sostanok

19.04.2021

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук профил, објави дека оддржал редовен состанок со директорите на клиниките и ковид центрите, со цел да ја утврдат состојбата на хоспитализациите за време на викеднот.

– Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира, посочи Филипче.

filipce sostaok 2

Во текот на денешниот ден, Комисијата за заразни болести, треба да оддржи состанок на кој ќе се одлучи дали рестриктивните мерки кои според претходната одлука треба да завршат утре, ќе бидат продолжени или пак не.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.