Црна Гора ги отвора границите за македонските туристи , се укинуваат и задолжителните ПЦР тестови
Објавено на 21 април, 2021 во 10:42
21.04.2021
Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Северна Македонија, објави министерот за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ на Твитер.
-Драго ми е да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и PCR-тестирање, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Северна Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона“, напиша на руски јазик Спајиќ.
Точниот датум се очекува да биде соопштен наредните неколку денови.
