Средба на претседателот Пендаровски со австрискиот амбасадор Вуцас

Објавено на 22 април, 2021 во 09:57

Pendarovski Vucas 1

22.04.2021

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете држави.

Претседателот , Пендаровски, оцени дека Северна Македонија и Австрија во континуитет градат пријателски и партнерски односи во повеќе сфери од заеднички интерес, посочувајќи дека Австрија е меѓу најважните економски и трговски партнери на нашата држава.

На средбата претседателот Пендаровски го истакна значењето на континуираната австриска поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, посочувајќи на важноста за скорешно одржување на меѓувладината конференција и формалниот почеток на пристапните преговори за членство.

Во контекст на актуелната состојбата врзана со пандемијата од ковид-19, претседателот Пендаровски се заблагодари за напорите на Австрија да го администрира распоредувањето на вакцините „Фајзер“ од Европската Унија за земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, која по овој основ до крајот на август треба да добие 119.000 дози вакцини. Претседателот Пендаровски се заблагодари за демонстрираната солидарност и оцени дека Европската Унија и Република Австрија со овој чин даваат значаен придонес во борбата на земјите од Западен Балкан со пандемијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.