Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува

Објавено на 22 април, 2021 во 11:34

venko

22.04.2021

Министерот за здравство Венко Филипче по редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите информираше дека состојбата со вирусот се смирува.

-На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите ја анализиравме состојбата во изминатите 24 часа. Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат. Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, бидејќи карактеристично за овој бран е влошувањата кај пациентите да настапуваат малку покасно, па оттука циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели подоцна. Апелирам на максимална внимателност и во периодот кој ни претстои, напиша Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.